Оваа веб страница користи колачиња за да ви овозможи подобро корисничко искуство.Подесување Затвори
0
Во кошничка 0 MKD

  • Почетна
  • Инфо содржина

Општи услови

За продажното место

Во интернет продавницата Бубамара нудиме широк асортиман на производи за вашето дете.

Општите услови за работа на веб продавницата Бубамара ги одредуваат условите за купување и продавање на производи од Аполло Мк ДООЕЛ (во продолжение продавач). Веб продавницата Бубамара, www.bubamara.mk, (во продолжение веб продавница) е во сопственост на Аполло Мк ДООЕЛ, бул. Киро Глигоров бр. 13, 1000 Скопје (во продолжение компанија).

Општите услови за работа на веб продавницата Бубамара се составени според стандардите кои важат во Македонија, како и меѓународните кодекси за е-трговија.

Веб продавницата Бубамара е отворена 24/7. Користењето на онлајн продавницата е бесплатно. Купувачот може да избере и нарача производи и истите да ги стави во својата потрошувачка кошница. Со конечната потврда, купувачот ја испраќа својата нарачка. Нарачката се обработува и подготвува во зависност од расположливоста и можностите за достава на производот. По потврдувањето на нарачката, на вашиот емаил ќе ви испратиме потврда за купување, а вашата нарачка автоматски се зачувува во нашата база на податоци.

Цени во веб продавницата Бубамара

Сите цени на производи се изразени во македонски денари во вклучен Данок на додадена вредност ( 5 или 18% ДДВ во согласност од производот).

Компанијата го задржува правото на промена на цени без претходна најава, доколку тоа не е наведено поинаку ( во случај на посебни акциски понуди и попусти). Кога купувачот ќе ја потврди нарачката , важат цените кои во тој момент се актуелни и наведени на нарачката. Цените се за едно парче, освен ако тоа не е поинаку наведено.

Цените на веб продавницата се наведени како: редовна цена на производот и интернет цена.

Производите со ознака ИНТЕРНЕТ ЦЕНА се посебно означени (производи кои се во одреден момент на попуст).

Цените во веб продавницата се назначени покрај секој артиклот. Цените се со пресметан ДДВ, но без трошоци за достава.

Сите плаќања ќе се извршат во македонска валута, односно во денари. Наплатената сума на сметката од кредитната картичка се претвора во нашата локална валута според курсот на здруженијата на кредитни картички.

Фотографија од производот

Фотографиите се од илустрирачки карактер. Реалниот производ може да се разликува од производот прикажан на фотографијата ( по боја, парче...)

Опис на производот

Текстовите на производите се напишани од страна на произведувачот и се од информативен карактер. За подетални информации за производот контактирајте не на info@bubamara.mk.

Исклучување од одговорност

Аполло Мк ДООЕЛ се труди сите информации објавени на оваа интернет страница, во моментот на нивното внесување да бидат точни и прецизни, меѓутоа компанијата не ја гарантира точноста, вистинитоста или веродостојноста на сите информации зачувани на оваа страница. Карактеристиките, залихата и цената на производот можат многу брзо да се променат и истото да не може веднаш да се ажурира. Во овој случај, се известува купувачот за евентуалните промени и му се овозможува без проблеми откажување на нарачката или замена на производот.

Вонсудско решавање на потрошувачките спорови

За сето она што не е регулирано со овој договор се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи. Сите спорови од овој договор, договорните страни ќе се обидат да ги решат спогодбено. За сите спорови или барања кои можат да настанат, како последица од користење на оваа интернет страница, а се во врска со овие услови или во врска со нивната имплементација, надлежен е Основен Суд Скопје 1, со примена на релевантно право.

Јазик

Јазикот на комуникација на bubamara.mk е македонскиот.

Информации

Сите цени се искажани во македонски денари со пресметан ДДВ. Се трудиме да дадеме што е можно подобар и поточен опис и фотографии, но, не можеме да гарантираме дека сите наведени податоци и фотографии се точни. Доколку поради грешка или превид, објавената цена на веб продавницата не е точна или во меѓувреме се прави одредена промена, односно корекција, го задржуваме правото на раскинување на договорот за продажба. Аполло МК ДООЕЛ, го задржува правото да ве информира за промената или исправноста на цената и ви дава можност да ја потврдите или откажете нарачката.

Рекламација

Рекламацијата на производот, барањата за замена или враќањето на робата, како и откажувањето од купување се спроведуваат во согласност со законските услови и роковите.

Во случај на рекламација, купувачот е должен да упати оправдано барање до компанијата по пат на емаил и да ја достави сметката на производот кој го рекламира. Доколку се работи за расипан производ, купувачот може да го контактира овластениот сервис кој е напишан на гарацијата.

Во случај на рекламација и дополнителни информации контактирајте не на:

емаил: info@bubamara.mk

тел. +3892 5214 717

Аполло МК ДООЕЛ бул. Киро Глигоров бр. 13, 1000 Скопје

Начин на плаќање

Цени

Цените објавени на онлајн продавницата Бубамара, www.bubamara.mk, како и сите понуди важат од денот кога е направена нарачката.

Компанијата Аполло Мк ДООЕЛ има право да ги промени цените без претходна најава.

Цените на сите производи се изразени во денари со пресметан ДДВ.

Аполло Мк ДООЕЛ Ви ги овозможува следните начини на плаќање:

  1. Плаќање по примање на пратката
  2. Плаќање по фактура
  3. Плаќање со кредитна или дебитна картичка

Напомена: Во текот на нарачувањето, во полето „Напомена“, Ве молиме да го наведете начинот на плаќање.

  1. Плаќање по прием на пратката

Кај плаќањето по прием на пратката, плаќате во моментот кога ја преземате пратката од доставувачот. Плаќањето го извршувате во готовина кај доставувачот. Во случај да не сте во можност да ја земете пратката кога доставувачот ќе ви ја донесе, тој е должен да ви остави известување. Кај плаќањето при прием на робата, важат цените кои биле во моментот кога сте го нарачале производот. Трошоците за достава не се пресметани во таа цена и истите се наплатуваат паушално во износ од 150 МКД, доколку пакетот е до 10 килограми, или воопшто не се наплатуваат, доколку нарачката изнесува повеќе од 1.500 МКД.

Онлајн продавницата Бубамара, сите нарачки со напомена за начинот на плаќање „По прием на пратката“ ги смета како конечни нарачки. Доколку нарачаните производи не се преземат во договорениот рок, купувачот ги сносува сите трошоци за достава.

  1. Плаќање по фактура

На вашата емаил адреса, која сте ја навеле во нарачката, а откако ќе биде проверена достапноста на нарачаните производи, ќе Ви испратиме фактура со сите податоци потребни за уплата, вклучувајќи го и бројот на сметка на кој треба да ја уплатите вредноста на нарачката. Уплатата можете да ја извршите и по пат на електронско банкарство.

Откако ќе добиеме известување за вашата уплата, пратката ќе Ви биде доставена.

Ве замолуваме вирманското плаќање да го извршите во рок од два работни дена од денот на прием на фактурата на вашата емаил адреса. Во случај во наведениот рок да не добиеме уплата од ваша страна, вашата нарачка автоматски ќе биде избришана.

  1. Плаќање со кредитна или дебитна картичка

Во онлајн продавницата Бубамара ви нудиме можност за плаќање со кредитна или дебитна картичка. Нарачаните производи се плаќаат веднаш со: MasterCard, Visa, Maestro…

По евидентирање на уплатата од наша страна, на емаил ќе добиете известување кога пратката ќе ви биде доставена. Доколку порачувате од Скопје, рокот за достава е 24 часа, а за останатите градови во Македонија е од 3 до 5 работни дена.

Достава

Онлајн продавницата Бубамара нуди можност за достава на нарачаните производи користејќи ги своите доставувачи.

Начин на достава: На домашна адреса

Нашите доставувачи, пратките ги носат на адресата која ја имате оставено при самата нарачка, а истата не е надвор од границите на Република Македонија.

Пратките на територијата на Градот Скопје се доставуваат во рок од 24 часа, а додека пак на територијата на Македонија во рок од 3 до 5 работни дена.

Кога пакетите се подготвени за достава, наша обврска е по пат на емаил да го известиме купувачот за испораката.

Доставата се врши на наведената адреса во нарачката. Во случај, ако за време на доставата не сте на таа адреса, доставувачот ви остава известување.

Трошоци за достава

За сите нарачки над 1.500 МКД, трошоците за достава не се наплатуваат, односно доставата е бесплатна.

За интернет нарачките под 10 килограми, доставата изнесува 150 денари.

Цената за достава е видлива при самото електронско заклучување на нарачката и јасно е назначена на сметката.

За сите дополнителни информации контактирајте не на телефонскиот број 02/5214 717.

Производите кои имаат назнака „производот доаѓа“ не се на залиха и исклучени се од понудите и акциите.

Замена или враќање на производи купени од онлај продавницата Бубамара

Доколку купувачот од билокоја причина не е задоволен со испорачаниот производ, истиот може без наведување на образложенија, да се замени или врати во замена за пари во рок од 14 дена од денот на примање на производот. Се што е потребно е во рок од 14 дена, купувачот да испрати потпишана изјава дека се откажува од купување на производот, со копија од сметката и на сопствен трошок, неоштетен и некористен производот ќе го прати во оргиналното пакување со својата опрема и документација со која производот бил оргинално испорачан. Производот мора да биде оргинално спакуван, како би можел потоа да се врати во продажба.

Право на замена или враќање на производите има во следните слуачи:

  • Испорачан ви е производ кој не сте го нарачале
  • Испорачан ви е производ со поминат рок на траење
  • Испорачаниот производ не одговара на описот на производот на веб страницата
  • Испорачан е расипан производ (ова подразбира и внатрешно расипување во рок од 14 од денот на преземање на производот) или производ кој има видливи грешки или оштетувања.

Гаранција

Производите имаат гаранција ако е така наведено во гарантниот лист. Гаранцијата тече од денот на купување на производот и важи само со оргиналната сметка. Условите и роковите се напишани на гарантниот лист и истите важат на подрачјето на Република Македонија.

Гаранцијата не важи во случај ако:

  • Не се придржувате кон упатството за употреба
  • Поправка изврши неовластено лице
  • Неадекватно користење на производот
  • Оштетувања кои се настанати од удар од страна на купувачот или трето лице
  • Скинат сериски број

Бидете секогаш во тек со новите акции на Бубамара.мк

Регистрирај го својот емаил, а ние ќе те извесуваме за нашите акции, секогаш кога ќе има некоја нова. Не ги пропуштај суперцените, биди во тек! Но, тоа не е се, со самата регистрација, добиваш и 10% попуст при следното онлајн купување.

Шопингувај на www.bubamara.mk и секогаш подари му го најдоброто на своето малечко! Одбери Бубамара.мк бидејќи ги има најдобрите играчки и бебешка опрема!

Бубамара.мк , секогаш тука за вас!